Име на објектот : “ ЗБЕР БАНКА ”
Фаза на проектот : Главен проект - енериер
Држава : Руска Федерација
Место : Липецк
Инвеститор : “ ЗБЕР БАНКА ” - Липецк
Година на проектирање : 1997 / 1998 год .
Проектант : Катерина Маџаровска дипл . инг . арх .
Соработници : Наташа Черековиќ арх . тех .
Краток опис за проектот :  

Главниот проект е ентериерно уредување за дел од банката и тоа низ сите етажи односно од приземјето до петтиот кат . Во приземјето изработено е ентериерно уредување на главниот влез за посетители и шалтер салата . Во главниот влезен хол изработена е фонтана , која на петтиот кат каде се наоѓа зимската бавча се преточува во раскошна водена површина анимирана и моделирана во просторот , кој е место за одмор и забава . Ентериено се опфатени холовите по катовите , салата за состаноци , кабинетот на председателот и повеќето од канцелариите . Со примената на современи материјали и обработка се постигна ефект , банката да добие современ светски внатрешен изглед како што и доликува на една од водечките банки во Русија.