Име на објектот : “ МАКЕДОНСКА БАНКА ”
Фаза на проектот : Идеен и Главен проект
Држава : Р . Македонија
Место : Скопје
Инвеститор : “ МАКЕДОНСКА БАНКА ” - Скопје
Година на проектирање : 1999 - 2001 год .
Поектант : Елеонора Христовска дипл . инг . арх .
Соработници : Наташа Черековиќ арх . тех .
Конструкции : Бранко Ацевски дипл. град. инг.
Радица Гавровска град.тех.
Краток опис за проектот :  

Објектот е лоциран во централното градско подрачје на Скопје во урбаниот реон “ Мал Ринг ”. Со својата архитектонско - урбанистичка концепција успешно ги интегрира сите неопходни функции за работењето на една современа банка . Висински опфаќа две подземни нивоа , приземје , три ката и поткровје . Подземните нивоа овозможуваат функционален паркинг простор и место за трезорско работење . Банкарското работење со клиенти се одвива во шалтер салата на приземје на објектот а администрацијата и менаџментот на банката се сместени на катовите . Објектот е со бруто површина од 3.200,00 м2.