Име на објектот : “ ЛИПЕЦК КРЕДИТ БАНКА ”
Фаза на проектот : Главен проект
Држава : Руска Федерација
Место : Липецк
Инвеститор : “ ЛИПЕЦК КРЕДИТ БАНКА ” - Липецк
Година на проектирање : 1996 год .
Проектант : Елеонора Христова дипл . инг . арх .
Соработници : Наташа Черековиќ арх. тех.
Гуда Никљевиќ арх . тех .
Конструкции : Јордан Ристески дипл. град. инг.
Стојче Стоилов град. тех.
Стојна Кочовска град. тех.
Краток опис за проектот :  

Објектот е лоциран во централното градско подрачје на градот Липецк во Руската Федерација . Архитектонски истиот претставува успешен спој на функционален објект наменет првенствено за вршење на сите видови банкарски услуги , но и можност за релаксација во предвидените простори за одмор и рекреација , медиумски третман , угостителски услуги и др . На површина од 6.000,00 м2 и катност од П +5 ката сместени се : трезорски простории , шалтер сали , администрација за вработените и менаџерскиот тим на банката , технички простории и модерно опремена сала за состаноци.