Име на објектот : Станбен објект со бизнис апартмани “ ГРАНИТ ” П +7+ По
Фаза на проектот : Главен проект
Држава : Р . Македонија
Место : Скопје
Инвеститор : ГД “ ГРАНИТ ” АД - Скопје
Година на проектирање : 1997 - 1998 год .
Проектант : Љубица Брезовска дипл . инг . арх .
Соработници : Магдалена Димишкова арх. тех.
Наташа Черековиќ арх . тех .
Конструкции: Донка Радошеска дипл.град.инг.
Славица Крезова дипл. тех.
Мирослав Коцевски град. тех.
Краток опис за проектот :  

Во урбанистичката поставеност , објектот е замислен како станбен објект со бизнис апартмани , поделен по хоризонтала на две целини . Станбениот дел е лоциран од први до шести кат , а апартманскиот дел е на седмиот кат и поткровјето со посебен влез . Застапени се станови со различна големина и функција . Објектот по својата висина спаѓа во високи објекти . Предложените решенија на станови и апартмани со јасна читливост на содржините во нив , ја развиваат идејата за хуманизиран простор на урбана локација и живот во неа . Модерното обликување на фасадите и примената на современи материјали го става во корелација архитектонското обликување на објектот со функцијата на истиот . Објектот е со површина од 4.200,00 м2.