Име на објектот : Доградба на македонска православна богословија “ Св . КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ” нас. Драчево - Скопје
Фаза на проектот : Идеен и Главен проект
Држава : Р . Македонија
Место : нас . Драчево - Скопје
Инвеститор : МАКЕДОНСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Година на проектирање : 2001 год .
Проектант : Катерина Маџаровска дипл. инг. арх.
Љубица Брезовска дипл . инг . арх .
Соработн ици : Ленче Недановска дипл. инг. арх.
Наташа Черековиќ арх. тех.
Магдалена Димишкова арх. тех.
Ангелина Бундалевска арх . тех .
Конструкции : Бранко Ацески дипл. град. инг.
Живко Китановски дипл. град. инг.
Краток опис за проектот :  

Нашето христијанско битие го збогатуваме со објект во кој постоењето на тоа битие , ќе се негува со генерации кои ќе го учат , негуваат и чуваат . Го чувствуваме како наш мал придонес кон нашата вера , која не одржува и храбри во постоењето . Проектираниот објект е лоциран во дворот на веќе постоечкото училиште “ Св . Климент Охридски ” во населба Драчево - Скопје . Функционално и обликовно тој е вклопен со архитектурата на постоечкиот објект . Компатибилноста е направена со користење на постоечките форми и боја . Со изградбата на овој објект , ќе се изврши одвојување на функциите ( настава - нов објект , спиење - стар објект ) а со тоа и ќе се подобрат условите за едукација . Косиот терен овозможува објектот да се развива во четири нивоа со вкупна површина од 1.300,00 м2 . На првото ниво сместени се котлара и помошни простории за потребите на кујната . На првиот кат сместена е трпезарија за учениците , главна кујна и влезен хол а на вторит кат сместени се просториите за настава . На последното ниво сместена е капела со сите обележја на нашата православна вера.