| Име на објектот : |
АВТОБУСКА СТАНИЦА ВО КОМПЛЕКСОТ НА ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР - СКОПЈЕ |
| Фаза на проектот : |
Главен проект |
| Држава : |
Р . Македонија |
| Место : |
Скопје |
| Инвеститор : |
ГРАД СКОПЈЕ |
| Година на проектирање : |
2003 - 2004 год . |
| Проектант : |
Лилјана Кик дипл . инг . арх . |
| Соработници : |
Гуда Никалевиќ арх. тех.
Магдалена Димишкова арх . тех . |
| Конструкции : |
Венцо Ваневски дипл. град. инг. |
|
| Краток опис за проектот : |
|
Автобуската станица е дел од проектот на Кензо Танге за нов Транспортен центар , во Скопје - изработен по земјотресот во 1963 год . Со главниот проект се предвидени 25 перони за меѓуградски и меѓународен сообраќај како и простор за приградски сообраќај . Сообраќајот ќе се одвива еднонасочно и контролирано со влез од булевар Кузман Јосифовски Питу , а излез на улица Никола Карев . Автобуската станица и железничката станица стануваат интегрална целина при што истите се тангираат по својата подолга страна и овозможуваат топла врска меѓу нив . Волуменски објектот е сместен под лирата од железничките перони со две спратни висини, два влеза за корисниците и еден излез на пероните со вкупна површина од 2.670,00 м2. Архитектонско естетскиот израз на објектот во целост е продолжување и следење на веќе применетите принципи во обликувањето на изведените објекти со што се обезбедува континуитет на идеата за оформување на Транспортниот центар како целина.
|