Име на објектот : Американски едукативен центар
Фаза на проектот : Главен проект
Држава : Р . Македонија
Место : Скопје
Инвеститор : “ НОВА ” - Скопје
Година на проектирање : 1998 - 1999 год .
Проектант : Виолета Василевска дипл . инг . арх .
Соработници : Наташа Черековиќ арх. тех.
Гуда Никљевиќ арх. тех.
Ангелина Бундалевска арх . тех .
Конструкции : Илија Коцарев дипл.град.инг.
Живко Китановски дипл.град.инг.
Младен Наумовски град. инг.
Славица Костадиновска град. тех.
Краток опис за проектот :  

Објектот е лоциран во близина на реонскиот центар “ КАРПОШ ” во населбата Тафталиџе . Тој е со катност од приземје и два ката од ул . “ Прашка ”, додека од внатрешната страна широкиот ископ дава можност за отворен сутерен , приземје и двата ката . На секое ниво сместени се по 5 училници со ориентација кон југ . Во сутеренот училниците се од типот на кабинети за : физика , хемија , биологија и информатика . На вториот кат , училниците претставуваат ателеја за различни видови уметности . Објектот е со вкупна површина од 3.985,00 м2.